Медиумска писменост за сите: Водич за инклузивно медиумско образование

Документот „Медиумска писменост за сите: Водич за инклузивно медиумско образование“ нуди практични совети и идеи како да ги вклучите сите ученици во наставата на креативен начин, без разлика на нивните вештини или претходно образование.

Во денешно време, важно е секој ученик да стекне вештини за критичко размислување и креативно изразување. Овој водич содржи идеи како да ја направите вашата училница простор каде секој се чувствува добредојдено и вреднувано. Водичот содржи практични совети за избор на соодветни материјали и активности за медиумска писменост, како и вежби за вклучување на сите ученици во процесот на учење.

Водичот е наменет за сите наставници и едукатори кои сакаат да им помогнат на своите ученици од основно и рано средношколско образование да развијат критичко размислување и креативност во однос на медиумите со кои се среќаваат секојдневно.

Документот е адаптација на финскиот модел за инклузивно медиумско образование изработен во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME) во чии рамки ИКС е партнер заедно со Универзитетот во Фиренца, Италија. Материјалот е лиценциран со Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International Licence.