Водичот за обучувачи за развивање вештини за медиумска писменост е наменет да биде практичен водич за секој што сака да користи модел на инклузивно развивање на медиумска писменост, без разлика дали станува збор за училиште, како дел од работната програма на класниот раководител, или граѓанска организација.

Целта е преку овој водич да се дадат насоки за спроведување на модел на медиумска писменост, за да можат обучувачите самостојно да работат во рамки на образовниот процес или пак во процеси заедно со граѓанските организации.

Наставните единици во Водичот се организирани во посебни модули, а за секоја од нив се дадени насоки за спроведување на едукативните активности, кои вклучуваат и време за реализација, теми на разговор, совети за дискусија и инструкции за вежбите.

Водичот е креиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) од Скопје, Македонија. Материјалот е лиценциран со Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International Licence.